Црна Гора во моментов има само 11 амбасадори

crna_gora_5756575656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црна Гора моментално има амбасадори на само единаесет адреси во светот, додека вршители на должност има двојно повеќе – дваесет и двајца. Ова го покажуваат податоците доставени до подгорички „Вијести“ од Министерството за надворешни работи.

Според тие податоци, Црна Гора има амбасадори во само седум земји – Белгија, Грција, Италија, Северна Македонија, Русија, Турција и Франција и во четири мисии – во ЕУ, ОН и другите меѓународни организации (Женева), ОБСЕ и Советот на Европа. До пред четири дена државата имаше амбасадорка во Постојаната мисија во НАТО, но таа беше отповикана поради истекување на мандатот.


Причината за моменталната состојба на црногорската дипломатска мрежа е последица на неможноста за договор меѓу новите власти и доскорешниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ за именување амбасадори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK