Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека дипломатијата е „претпочитан начин“ за решавање на кризата предизвикана од државниот удар во Нигер.
-Јасно е дека дипломатијата е претпочитаниот начин за решавање на оваа ситуација. Ова е пристапот на Економската заедница на западноафриканските држави, ова е и наш пристап – ги поддржуваме напорите на ЕКОВАС да го врати уставниот поредок, рече Блинкен.
Тој смета дека тоа што го гледаме во Нигер е жално и нема да донесе ништо за земјата и народот.
Блинкен нагласи дека САД и другите земји се ставени „во позиција каде што мораме да ја прекинеме помошта за Нигер“.