Челзи подготвува нова понуда за Каиседо

kaisedo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот прволигаш Челзи оваа недела ќе испрати нова понуда за услугите на фудбалерот на Брајтон, Мозес Каиседо, а лондонскиот премиерлигаш ја разгледува можноста да го донесе во своите редови и играчот за врска на Саутемптон, Ромео Лавија.

Првичната понуда на Челзи за Каиседо изнесуваше 80 милиони фунти што беше одбиено, а Брајтон својот играч го процени на 100 милиони фунти.


Еквадорскиот репрезентативец сака да се пресели во Челзи, пренесува телевизијата Скај, пренесувајќи изјава на тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби, кој рече дека иднината на Еквадорецот во неговиот сегашен клуб е неизвесна.

Паралелно со овој трансфер, Челзи настојува да се засили во летниот преоден рок и со Лавија за чиј услуги Саутемптон веќе одби две понуди кои пристигнаа од Ливерпул.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK