– Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Притоа, како што информираат од МВР, биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци.