Бар: Трамп добро знаеше дека ги загуби изборите

vilijam bar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Доналд Трамп „добро знаеше дека ги загуби изборите“, изјави денеска за Си-ен-ен, поранешниот јавен обвинител на САД Вилијам Бар, кој на функцијата го постави токму претходниот претседател на земјата.

Тој го изјави ова само неколку часа пред да му се суди на републиканецот Трамп под обвинение за заговор за да предизвика неоправдано поништување на резултатите од претседателските избори во ноември 2020 година, на кои беше поразен од демократот Џо Бајден.


Според федералните обвинители кои работат на случајот, 77-годишниот милијардер постојано лажел за масивни изборни измами и вршел притисок врз владините претставници да ги променат резултатите за да остане на власт.

Се очекува Трамп да се изјасни за невин кога ќе се појави пред судот во Вашингтон во 16 часот по источноамериканско време.

Еден од адвокатите на поранешниот американски претседател, Џон Лауро, ги опиша обвиненијата против неговиот клиент како напад на слободата на говорот.

-Нема ништо позаштитено според Првиот амандман (во Уставот на САД, кој го прокламира правото на слободен говор) од политичкиот говор, нагласи Лауро.

Сепак, Вилијам Бар, кој се повлече од функцијата државен обвинител на САД веднаш откако Бајден победи на претседателските избори, рече дека аргументот на одбраната нема заслуга.

Трамп веќе најави дека ќе се бори за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД во ноември следната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK