Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со повик за идеи за старт-ап програма за туристички иновации

centar za razvoj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објави повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот. Рокот за аплицирање е до 20 август 2023 година на следниот линк:

Како што информираат од Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство. Тие појаснуваат дека бараат тимови со иновативни старт-ап идеи или решенија во фаза на прототип кои се фокусирани на туризмот, најмалку двајца, а најмногу пет членови.


Како што појаснуваат од Општина Велес, сите избрани тимови ќе имаат можност да се приклучат на старт-ап програмата „Туристички иновации во Вардарскиот регион“, организирана од Центарот за развој на Вардарски плански регион. Таа е  во рамки на проектот „Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион“ (INNO-ECOSYSTEM). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK