Зеленски: Москва сака глобална прехранбена катастрофа

zelenski_456554
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз.

-Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба ценовна криза, им требаат прекини во снабдувањето, рече тој.


Русија во изминатите две недели лансираше голем број ракети кон украинските пристаништа на Црното Море , откако се повлече од клучниот договор за жито на 17 јули.

Повеќето од нив беа насочени кон пристаништата околу Одеса, но синоќешниот напад го погоди пристанишниот град Измаил, на еден километар од границата меѓу Украина и Романија.

Зеленски притоа кажа дека „е многу важно светот да не се навикне на овој руски терор“.

-Секој удар е заеднички проблем. Не само за Украина, туку и за сите оние во светот чија стабилност Русија се обидува да ја уништи со напади на нашите пристаништа и инфраструктура, кажа украинскиот претседател во ноќното обраќање до сонародниците.

Украина тврди дека во синоќешниот напад биле уништени речиси 40.000 тони жито, што било наменето за Кина, Израел и делови од Африка, пренесе Скај Њуз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK