Ховениер: Очекуваме Приштина да преземе акција за деескалација

hovenier
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на САД, Џефри Ховениер ја повика Приштина да преземе акција за деескалација на ситуацијата во северно Косово и да го спроведе Охридскиот договор.

– Мислиме дека е важно да се постигне понатамошна деескалација на северот и да се избегнат случаите кога се случуваат насилни акти. Ова му помага на Косово да постигне евроатлантска интеграција. Нашиот фокус е да го спроведеме Охридскиот договор од двете страни. Очекуваме Владата на Косово да создаде околности и да преземе дејствија што ќе ја деескалираат ситуацијата, истакна Ховениер.


Според него, Приштина мора да најде решение за северниот дел на Косово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK