Во Сараево се одржа протест на рударите од Федерацијата Босна и Херцеговина

saraevo protest rudari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред зградата на Електростопанство на БиХ денеска протест одржаа рударите од Федерацијата БиХ, незадоволни од состојбата во рудникот за кафеав јаглен Зеница, чии работници се уште не ја добиле јунската плата.







На протестот се собраа неколку стотини рудари од седум синдикални организации, членови на Сојузот на самостојниот синдикат на рударите на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Тие носеа транспарент на кој пишуваше: „Рударите се секогаш на вистинската адреса! Држава, што чекаш?“.

Некои од рударите носеа маици со натпис: „Стани Тито, стани брат, подели плата на рударите“ и „Политичари, еве ви ја Босна, секако тука нема работа“.

– Сакаме да кажеме дека сме обединети, изјави за новинарите Синан Хусиќ, претседател на Здружението на независни синдикати на рударски работници на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Тој оцени дека „државата мора да престане да се изживува над 830 работници на РМУ Зеница“, додавајќи дека рударите од Зеница мора да си ги земат платите за јуни, како и дека е неопходно да се обезбедат услови за пензионирање на оние рудари кои го стекнале тоа право во текот на 2023 година.

Минатата недела Владата на Федерацијата БиХ испрати наредба до Електростопанство БиХ итно да го плати заостанатиот долг, но тоа не беше сторено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK