МВР информира дека денеска, околу 11.50 часот, на ул. „Втора Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во соработка со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги, по преземени мерки и активности го лишиле од слобода скопјанецот Л.Б.(46).
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежното ОЈО.