Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Saber Junction 23“

armija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction  23“.

Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир.


Целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK