Водоснабдувањето на високите зони на Штип ќе се нормализира во текот на вечерните часови

stip
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жителите во високите зони на градот Штип од цистерна се снабдуваат со техничка вода, откако веќе втор ден останаа без вода за пиење од Филтер станицата.

Директорот на ЈП „Исар”, Кирил Зајков на прес – конференција образложи дека заради тековно одржување на филтрите и зголемената потрошувачка на вода овој период во повисоките делови од градот дојде до прекин во водоснабдувањето.


Посочи дека веќе утре ќе се нормализира водоснабдувањето.

-Тековното одржување се одвиваше во мониторинг со изведувачот на самата филтер станица однодно оперативно оти филтер станицата оперира со шест филтри. Се изврши одржување на сите шест филтри. Постапката на самиот процес беше во поизција да од период од денот од шесте филтри два беа во постапка на одржување однонсо на сервисирање . Поради тоа повисоките делови во Штип останаа со помал притисок на вода. Се надеваме дека денес ќе заврши постапката и веќе од утрешниот ден комплетно сите шест филтри ќе бидат ставени во функција, вели Зајков.

И во оваа прилика апелираше до граѓаните рационално да ја користат водата со цел да може да ја имаат сите. Истовремено упати извинување до штипјани оти на високи температури останаа без вода за пиење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK