Зеленски: Светскиот притисок со санкции против Русија мора значително да се зголеми

zelenski_456554
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека притисокот од санкциите врз Русија мора значително да се зголеми.

„Светскиот притисок со санкции против Русија заслужува значително да се зголеми“, рече Зеленски во видео-обраќање.


Коментирајќи го нападот врз неговиот роден град Криви Рог, тој рече дека украинската армија мора да има доволно оружје со долг дострел и доволно ресурси за да ги „победи терористите“.

Зеленски изјави дека ракетите што го погодиле тој град биле истрелани „од територијата на привремено окупираниот Крим, од областа Џанкој“.

„Ова е тероризам што никој во светот нема да го нарече поинаку“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека во нападот загинале шест лица, меѓу кои и едно десетгодишно девојче.

Според него, во нападот биле повредени речиси 70 луѓе, а на десетици им била укажана медицинска помош во болниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK