Скопје домаќин на Европскиот олимписки младински фестивал во 2025

mok
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на Европскиот олимписки младински фестивал, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Како што соопштуваат, договорот за организација на големиот спортски настан го потпишаа претседателот и генералниот секретар на МОК, Даниел Димевски и Сашо Поповски, од една, и претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос во Марибор, градот кој беше домаќин на годинешното издание.


Договорот содржи делови кои се однесуваат на основните принципи на организација на игрите, сместување, организација на различни функционални области, спортска инфраструктура, утврдување листа на спортови на игрите, церемонии, финансиски, маркетинг и комерцијални прашања, ПР и медиуми и други ставки поврзани со успешната организација на игрите, кои ќе се одржат во периодот 20-26 јули 2025 година.

-Ние сме подготвени! Подготвени сме да го прифатиме предизвикот да бидеме домаќини на летното издание на Европскиот младински олимписки фестивал во 2025 година и да организираме незаборавен европски мултиспортски настан за млади спортисти. Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети, изјави претседателот на МОК, Димевски.

-Од организациски аспект ни претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад нас ги имаме Европските олимписки комитети, но и Владата на Северна Македонија и градоначалникот на Град Скопје кој со големо задоволство ја примија оваа прекрасна вест, можеме само кажете дека сме подготвени да дадеме неверојатни игри во Скопје 2025!, додаде првиот човек на МОК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK