Полицаец на индиските сили за заштита на железницата (РПФ) е уапсен откако уби четири лица во воз во близина на Мумбаи, јави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека обвинетиот полицаец Четан Кумар убил висок функционер на РПФ и тројца патници.
Персоналот на РПФ е одговорен за заштита на патниците и имотот на железницата во Индија.
Полицијата соопшти дека го истражува мотивот на Кумар и се обидува да ги идентификува убиените патници.
Пукањето се случило околу 5:30 часот по локално време во воз кој патувал од Џајпур во западната држава Раџастан до Мумбаи во Махараштра.
Кумар прво отворил оган врз Тикарам Меена, помошник инспектор во РПФ, а потоа застрелал тројца патници, соопшти РПФ. Пукањето се случило веднаш откако возот поминал низ градот Палгар, на околу 96 километри од главниот град Мумбаи.
Полицаецот потоа го повлекол внатрешниот алармен синџир што се користел за запирање на возовите во случај на опасност и се обидел да избега. Тој е уапсен во предградијата на Мумбаи.