Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територијата на Град Скопје биле казнети 154 возачи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи за возење повеќе од дозволената брзина казнети се 68 возачи, 15 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…
МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.