Шумски пожар на грчкиот остров Хиос, превентивно евакуирани две села

pozar-grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шумски пожар изби доцна синоќа во северозападниот дел на грчкиот остров Хиос, а во текот на ноќта беше побарано од жителите на две села, превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Рано утрово засилени се силите што учествуваат во гаснењето на пожарот и интервенираат 90 пожарникари со шест пешадиски тима, 18 возила, пет авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за координација, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.


На островот пристигнаа и пожарникари од Атина и Лезбос.

Околу еден часот по полноќ, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на две села, превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми од Хиос, пожарот бил предизвикан од запален автомобил по сообраќајна несреќа и се проширил во непрооден планински дел, а утрово ситуацијата е подобрена, меѓутоа огнената стихија сѐ уште не е ставена под контрола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK