Тајфун Доксури: Над 20.000 луѓе евакуирани на северот на Кина

tajfun_kina_2342432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани поради постојаните дождови во последните три дена за време на тајфунот Доксури во северна Кина, објавија денеска државните медиуми.

„20.656 жители се евакуирани од Шиџиажуанг, главниот град на северната кинеска провинција Хебеи, поради континуираните врнежи од петокот додека се приближува Доксури, петтиот тајфун во годината“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.


Околу 1.100 луѓе во опасност од поплави и други катастрофи, како што се лизгање на земјиштето, се евакуирани од округот Фупинг, во оддалечениот регион на планината Таиханг.

Поплавите денеска ги погодија повеќето делови на Хебеј, додека провинциската метеоролошка агенција и натаму издава црвено предупредување за силен дожд.

Тајфунот, локално познат како Егај на Филипините, ја погоди оваа југоисточна азиска земја кон крајот на минатата недела и го опустоши архипелагот во неговите 13 региони, објавија денеска локалните медиуми.

На Филипините загинаа 40 лица, од кои 26 кои ги загубија животите кога потона брод, додека стотици илјади луѓе беа погодени и раселени.

Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи на Филипините соопшти дека тајфунот предизвикал земјоделска и инфраструктурна штета од повеќе од две милијарди филипински пезоси (повеќе од 36 милиони долари).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK