Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески заедно со книжевните творци Димче Шипинкароски и Веле Митаноски се учесници на третиот Мегународен поетски фестивал „Словенска слова” во селото Слатина во Црна Гора, на кој учествуваат околу педесетина поети. Фестивалот за отворен го прогласил градоначалникот на општина Мојковац, Веско Делиќ.
Поетите создаваат и читаат во амбиентот на првото поетско село во регионот „Пјесникова Долина”, кое го гради црногорскиот поет Родољуб Чориќ. -Целта на фестивалот е во срцето на оваа величенствена природа и единствета поетска оаза, пред Кањонот на Тара, под Пешќанските планини, да заживее словенското стиховно слово, кое ќе ги собира поетите со отворено срце и ќе ја врати Арената на поетите, за колегите и пријателите од другите меридијани, кои ја сакаат поезијата и создаваат пријателство помеѓу лугето и народите, изјавил Чориќ.
Фестивалот го доделува признанието „Витез на Словенскиот свет”, книжевна награда за севкупно творештво, кое годинава отиде кај познатиот хрватскли поет од Сплит, Анте Грегов Јурин. Претходни добитници на наградата се книжевните творци Веселин Лари Мишниќ и Верољуб Вукашиновиќ. Од годинава се доделува и признанието „Мојкповачки златен прстенЌ, кое го добија Далила Хилауи од Марково и Андријан Боднару од Романија. Во рамки на манифестацијата, отворена е ликовна изложба од фотографии во црно-бела техника на српската поетеса Смиљана Божиќ.