Ренџери во национален парк во Јута испекоа кекси во паркиран автомобил

20230730133502_big_730x400_79
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Националниот парк Зајон во јужниот дел на американската сојузна држава Јута, испекоа кекси во паркиран автомобил за да покажат кој е голема жештината што го зафаќа тој дел на САД.

– Вашиот автомобил може да биде рерна – буквално. Затоа решивме да печеме колачиња, велат ренџерите во објава на Инстаграм, во која е објавено и видео на кое се прикажува како ренџерите ставаат тепсија со колачиња врз контролната табла во автомобилот.  На кексите им требало три часа да се испечат, а ренџерите коментираат дека излегле „малку крцкави“.  Температурите во Зајон во изминатите недели постојано беа над 38 степени Целзиусови, што значи дека температурите во возилата таму можат да достигнат и 93 степени Целзиусови, пренесуваат американските медиуми.  Пред да се испечат колачињата, во автомобилот бил поставен термометар кој се стопил од топлината.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK