Во Турција објавен осврт на најновиот роман на Томислав Османли

knigi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во книжевниот портал „К24“ во Турција е објавен осврт на романот „Столб што пее” од Томислав Османли. Станува збор за осврт на нашиот писател, критичар, уредник и издавач Глигор Стојковски насловен „За романот Столб што пее на Томислав Османли”, во превод од англиски јазик на Сема Ватансевер, турска книжевна критичарка.  Во освртот, меѓудругото, се вели дека „’Столб што пее’ е комплексен роман со длабоки актуелни значења во кои се преплетуваат најразлични лични приказни проследени со со миротворни филозофски, религиозни и други општествени пристапи, учења и догми…изразувајќи ги трагичните разлики меѓу нив и самата деструктивна суштина на човековата историја…”  Романот, кој е со антивоена тема, беше финалист на неодамнешниот конкурс за роман на годината во конечна конкуренција со наградениот роман на академикот Влада Урошевиќ.

„Столб што пее” го привлече вниманието и на грчкиот издавач „Literatus“ од Солун, кој е заинтересиран за неговото објавување и на грчки јазик, а интерес има и од српското книгоиздателство што веќе има објавено прозна книга на Томислав Османли.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK