Суарез ќе го напушти Гремио во зимскиот преоден рок

20230730114933_big_730x400_26
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Гремио, Луис Суарез, најави дека ќе го напушти клубот во зима.

– Мора да бидете искрени со себе, вашето тело и клубот. Следната сезона повеќе нема да можам да го дадам нивото што се очекува од мене во Гремио. Бразилскиот фудбал е многу комплексен во однос на обемот на работа. Бара многу од играчите, изјави Суарез за „Relevo“.


Претходно беше објавено дека 36-годишниот Уругваец е во преговори со Интер Мајами.     Актуелниот договор на Суарез со Гремио е до 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK