На „Илинденски денови“ во Битола гостува градскиот ансамбл од Пожаревац

igraorci_453535443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува со целовечерен концерт на Градскиот ансамбл на народни игри и песни – Пожаревац од Србија, што ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Членовите на ансамблот од Пожаревац ќе изведат дел од своите над 40 кореографии подготвени од еминиентни српски кореографи, а ги презентирале на фестивали во Франција, Полска, Шпанија, Романија, Грција и вечер во Северна Македонија.



Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека по концертот на ГАНИП-Пожаревац, на плоштадот „Магнолија“ ќе се одржи и концерт на инструментална музика со наслов „Од колено на колено“ кој ќе го приреди Александар Јовевски.

Претпладнево, гостите од Мекиско, Чиле, Ирска, Хрватска, Грузија…ќе го посетат националниот парк „Пслистер“ каде домаќините им организираат интернационален фолклорен пикник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK