– Романски државјанин кој имал проблеми со срцето, а престојувал во Гевгелија, е спасен преку Единствен број за итни случаи 112 во соработка на македонските и грчките служби.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен доцна синоќа и дека најверојатно поради близината на границата, првично повикот е примен на базна станица во Грција по што грчката служба остварила контакт со македонската служба и по лоцирањето на романскиот државјанин и интервенцијата на Итната медицинска помош од Гевгелија, тој е спасен.
– Овој случај на меѓугранична, односно меѓудржавна соработка на две држави (Р. С. Македонија и Р. Грција), за спасување на граѓанин од трета држава (Р. Романија) ја отсликува можноста за спасување животи на граѓани од која било европска земја ако тие се наоѓаат во земја којашто е во системот на Европскиот единствен број за итни случаи 112, велат од ЦУК.