„Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на „КоторАрт“ во Црна Гора

profundis_34534553
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист, вечер, ќе настапат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора.

– Навистина сме среќни што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме, па затоа поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и несомнено значаен момент во нашата уметничка кариера, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.



Инаку, фестивалот „КоторАрт“ со своето 21-годишно постоење се смета за еден од најголемите и најзначајните фестивали на уметноста во Црна Гора и регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK