25.713 км2.
Ова е сè за кое треба да се грижиме.
Околу 25.713 км2 површина која ја нарекуваме Македонија – земјата каде живееме.
Со околу 40-тина планини, 24 котлини, 1600 реки и водотеци, 3 природни тектонски езера, 4 национални парка, 1 вид на рис, илјадници ретки, загрозени и важни видови растенија, габи и животни. Кањони, клисури, суводолици, ридови, чуки, ували, вртачи, сипари, пештери и јами. Шуми, ливади, полиња, пасишта, оризишта, овоштарници и ниви.
Мутаво мал дел од Земјината кора за кој треба да се грижиме.
Тоа значи да не го: палиме, копаме, бушиме, загадуваме, сечеме, уништуваме, продаваме, раздаваме, злоупотребуваме.
Да не го даваме на криминалци, шверцери, дилери, курајбери, шалабајзери, преваранти и белосветски клошари.