Маричиќ: Подготвени сме како Влада да и помогнеме на оценската мисија за подобрување на работата на Судскиот совет

marichikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законската рамка ние веќе ја имаме направено и изработено согласно препораките на ЕУ и на Советот на Европа, но очигледни се слабостите кои што треба да се надминат. Затоа, подготвени сме како Влада да ставиме на располагање секаква информација или помош на оценската мисија за да дојдеме до најдобри решенија за подобрување на работата на Судскиот совет, изјави по денешниот брифинг со новинари вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој потенцираше дека оценските мисии се редовен нормален инструмент на Европската Комисија за подобрување преку експертско знаење и учество во подобрување на политиките во некои области или институциите. Вицепремиерот брифираше дека во изминатите седум/осум години досега имало над десет оценски мисии, а оваа е втора, по одржување на  првата меѓувладина конференција.


-Врз основа на ваква оценска мисија ние направивме измени и дополнувања на Законот за академија за судии и јавни обвинители. Како резултат на вакви оценски мисии, очекуваме препораки кои ќе треба да ја подобрат работата на независните и регулаторните тела. Како резултат на ваква оценска мисија сме имале оценски мисии за системот за јавни набавки и соодветен надзор. Сме имале и за судството и за специфични делови на судството, рече Маричиќ.

Тој потсети дека законите за Судскиот совет кои што беа донесени во 2019 година беа правени заедно со Европската Комисија под водство и со мислење на Венецијанската Комисија.

-Очекувам Судскиот совет да има сериозна длабинска мисија која што ќе ги анализира сите слабости и да добиеме точни препораки и насоки од експертите на ЕУ, што би требало да направиме во однос на законите, во однос на практиките на таа институција, но и на кадровските прашања, додаде Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK