Шукова: Прашање на време е кога ќе почне да се имплементира проектот за изградба на Пречистителна станица во Скопје

prochistitelna stanica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проектот за изградба на Пречистителна станица во Скопје не е замрзнат и мислам дека час поскоро ќе почне со реализација, рече денеска министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

-Проектот не е замрзнат и паралелно се одвиваат неколку активности за да може да се ефектуира и да започне со реална имплементација, рече Шукова во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.


Нагласи дека веќе се отвораат банкарските сметки врз основа на коишто ќе се вршат плаќањата, а исто така се подготвува и градежната компанија која има договор за градба и треба да исполни одредени услови за да може да почне со работа. Воспоставена е и комуникација со Градот и со „Водовод“, кои учествуваат во работните тела.

-Мислам дека е прашање на време кога ќе почне реално да се имплементира овој заем од двете банки и секако да не заборавиме дека таму имаме и 70 милиони евра грант компонента од ЕУ. Мислам дека час поскоро ќе почне со реализација овој проект, потенцира Шукова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK