Поради уличен дефект ф-100 мм на „Македонско Косовска Бригада“ 10/37, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека е можно да се намали притисокот на водоснабдувањето во касарната „Илинден“.
Водоснабдувањето, како што е наведено во соопштението, ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување со санација на дефектот.