Истрага во Британија откако доверливи меилови наместо на САД биле испратени на сојузник на Русија

istraga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратија е-пошта со доверливи информации на близок сојузник на Русија поради грешка при пишувањето.

Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот „.ml“ на Мали, а не со доменот „.mil“ на американската војска.


Истата грешка во САД беше откриена претходно овој месец, што предизвика милиони воени мејлови да отидат на адреса во Мали.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека покренало истрага откако мејлови по грешка биле испратени до неточен домен на е-пошта.

„Уверени сме дека е-поштата не содржела информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци. Сите чувствителни информации се споделуваат на системи дизајнирани да го минимизираат ризикот од погрешно насочување.

Министерството за одбрана постојано ги прегледува своите процеси и во моментов спроведува работна програма за подобрување на управувањето со информациите, спречување на губење на податоци и контрола на чувствителни информации“, соопшти Министерството.

Мали беше меѓу шесте африкански земји на кои рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатни испораки на жито по пропаѓањето на Црноморскиот договор со Украина.

Платениците на Вагнер беа распоредени во Мали за да се борат против џихадистите заедно со армијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK