Повторно протести во Тел Авив поради судските реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илјадници Израелци протестираа синоќа во Тел Авив против контроверзната судска реформа што ја спроведува десничарската Влада на Израел. На 24 јули премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите коалициски сојузници, вклучително и ултранационалистичките и ултраортодоксните еврејски партии, усвоија реформа со која се ограничува моќта на Врховниот суд да поништува владини одлуки.

Демонстрантите кои извикуваа „Демократија демократија“ и вееја сино-бели израелски знамиња синоќа во Тел Авив, епицентарот на протестите по воведувањето на судските реформи во јануари.



Реформата, која има за цел да ја зајакне моќта на избраните функционери над судовите, ја подели земјата и предизвика еден од најголемите протести во историјата на Израел.

За Владата реформата е неопходна за да се балансира моќта, но противниците ја гледаат како закана за демократијата и стравуваат дека ќе го отвори патот за авторитарно владеење.

На 24 јули кога беше донесен првиот закон за спроведување на реформата до раните утрински часови имаше протести, а полицијата со водени топови ги растера демонстрантите. Организаторите најавија дека оваа недела ќе има нови протести.

Критичарите на премиерот Нетанјаху, кому му се суди за корупција, го обвинуваат дека сака да ја искористи реформата за да се ослободи од обвиненијата, што тој ги негира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK