Во „Europe House“ денеска Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана студијата „Една година од руската агресија врз Украина – студија за руската пропаганда, влијание и дезинформации во Македонија“.
Како што информираат од МОСТ, студијата ќе биде презентирана од страна на менаџерот и главен уредник на програмата „Борба против лажни вести и наративи“, Росана Алексоска.