Политико: Американските тенкови Абрамс најверојатно во септември ќе пристигнат во Украина

politico
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските тенкови Абрамс најверојатно ќе пристигнат на украинското бојно поле во септември, објави американското издание Политико, повикувајќи се на неименувани извори.

Планот е во август да се испратат неколку тенкови Абрамс во Германија, каде што ќе биде извршен завршен ремонт. Откако ќе заврши тој процес, првата серија Абрамс ќе биде испорачана во Украина следниот месец.


САД испраќаат постари модели на тенковите Абрамс – M1A1 наместо помодерната верзија A2, за која би требало една година да се префрли во Украина.

Официјален претставник на Министерството за одбрана и друг извор запознаен со ставот на Киев изјавија дека тенковите би можеле да пристигнат во Украина веќе во август, но тој распоред може да биде преоптимистички.

Првично во Украина ќе пристигнат шест до осум тенкови од вкупно планираните 31. Украинските војници за да може да ги користат тенковите треба да завршат 10-неделен курс во воената база Графенвоер во Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK