Министерство за одбрана на Русија: Спречен напад со украински дрон на Подмосковље

rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската  противвоздушна одбрана (ПВО) спречи напад со дрон на Подмосковље, при што нема жртви или штети, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Утринава беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти во Подмосковље. Беспилотното летало е уништено од противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението.


Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека беспилотно летало на украинската армија е соборено над Московскиот регион и дека било спречено да ги погоди целите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK