МБА: Картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија

bankomat
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членките на Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија.

Од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.


-Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација, се наведува во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK