Трет пораз за македонските кошаркари на ЕП во Португалија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Македонската репрезентација попладнево забележа убедлив пораз од Исланд со 92:59 (18:13, 18:19, 26:9 и 30:18) на Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 18 години.

 



Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ одиграа слаб натпревар и само во една четвртина беа рамноправен противник.

 

Марко Луканоски со 13 и Ѓорѓи Јакимовски со 11 поени беа единствените со двоцифрен број постигнати поени во македонската селекција.

 

Македонските кошаркари групната фаза ја завршија со три порази и само една победа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK