Калас: На Русите и Белорусите треба да им се забрани учество на сите спортски настани

kalas_23423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Премиерката на Естонија Каја Калас денеска изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека продолжува руската агресија против Украина.

Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.


„Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани – дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека продолжува руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија на Твитер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK