Посветеноста ги носи тркачите до стартот. Истрајноста ги води кон целта. А поддршката покрај патеката им дава поттик да продолжат токму кога им е најпотребен. На Виз Ер Скопскиот маратон, Imlek Impact беше дел од таа поддршка – за Дарио Ивановски и за сите што тргнаа кон своето следно ниво.
Зад секој истрчан километар стојат тренинзи што не се прескокнуваат, утра што започнуваат порано и одлуки да се продолжи и кога е тешко. На денот на трката, сета таа посветеност излегува на патеката. Со неа доаѓаат и моментите кога еден глас од публиката, познато лице или искрено „издржи“ можат да дадат сила за следниот чекор.
Токму во тој дух, Imlek Impact и Дарио Ивановски го испишаа првото заедничко поглавје од неодамна најавеното партнерство. На Виз Ер Скопскиот маратон, кој годинава привлече рекордни 15.000 пријавени учесници, заедничките вредности – дисциплина, посветеност и постојано поместување на сопствените граници – добија свое продолжение на патеката и покрај неа.
Дарио Ивановски заврши трет во маратонската трка со време од 2:13:49 часа – уште една потврда за неговата посветеност и истрајност.
Покрај патеката, Дарио ја имаше поддршката на Imlek & Bimilk Support Crew, составен од вработени од Македонија и регионот. Обединети во желбата да го бодрат на патот кон целта, тие со истата енергија ги поддржуваа и останатите тркачи. Секој од нив со свој ритам, своја мотивација и лична причина да стигне до финишот.
Навивачкиот дух се чувствуваше на сите три локации на Imlek Impact – во Impact зоната на плоштадот, на финиш-линијата и во дополнителната зона со Impact Truck. Со музика, DJ и дружење, зоните станаа места каде што публиката ја споделуваше возбудата од трката и им ја пренесуваше својата енергија на учесниците. На финишот, бодрењето прерасна во аплауз за вложениот труд и за секоја остварена лична цел.
Imlek Impact протеинските производи се практична поддршка за активното секојдневие. Протеините придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса, а готовите шејкови и пудинзи лесно се вклопуваат во дневната рутина – по тренинг, во движење или како протеинска ужина меѓу оброците.
За Imlek Impact, ова беше првата заедничка маратонска приказна со Дарио и можност пораката „Спремни за следно ниво“ да се почувствува преку луѓето што ја живеат. Преку тркачите што продолжуваат и кога станува тешко, но и преку оние што се тука да ги поддржат.
Следното ниво е лично за секој од нас. За некого е нов рекорд, за друг прва завршена трка или уште еден километар повеќе. Заедничка е посветеноста со која одиме кон него – и силата што ја добиваме кога знаеме дека некој ни го чува грбот.
Спремни за следно ниво. Заедно правиме Impact!