Агенцијата за заштита на личните податоци изрече пет прекршочни санкции во вкупен износ од 1.318.384 денари

DZLP agencija zastita na licni podatoci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за заштита на личните податоци изрече три глоби во вкупен износ од 653.160,78 денари на финансиско друштво за брзи кредити и три глоби во износ од 55.347 денари за одговорното лице кај финансиско друштво за сторен прекршок согласно членот 111 став (1) точка 2 и членот 111 став (2), а во врска со членот 111 став (1) точка 2 од Законот за заштита на личните податоци.

Агенцијата поведе три вонредни супервизии по поднесени барања од три физички лица, согласно членот 97 од Законот за заштита на личните податоци. Во трите случаи физичките лица тврдеа дека финансиското друштво (контролор) одобрило онлајн кредит во износ од 90.000 денари, на други физички лица кои ги употребил нивните лични податоци со користење на телефонски броеви кои не се нивни и без притоа да им се утврди идентитетот при поднесување на барањата за кредит. Финансиското друштво (контролор) спротивно на членот 10 став (1) алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци без претходно обезбедена согласност за обработка на личните податоци при аплицирање за кредит обработувал лични податоци за три физички лица (субјекти на личните податоци) при што не  демонстрира  (докажа) дека субјектите на личните податоци дале согласност за обработка на нивните лични податоци.


 

Изречена глоба на друштво за угостителство, туризам и трговија заради задржување на лични карти на гостите и попречување во вршење на вонредна супервизија

Агенцијата за заштита на личните податоци изрече глоба во износ од 380.109,72 денари за сторен прекршок на Контролорот друштво за угостителство, туризам и трговија и глоба во износ од  21.522 денари за одговорното лице кај Контролорот за сторен прекршок согласно членот 111 став (1) точки 1 и 2 и членот 111 став (2), а во врска со членот 111 став (1) точки 1 и 2 од Законот за заштита на личните податоци.

Друштво за угостителство, туризам и трговија (контролор) спротивно на членот 9 став (1) алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци, а во врска со одредбите од членот 9 ставови (2) и (3) од Законот за личната карта и прописите за угостителска дејност задржувал и чувало лични карти на гостите по нивно евидентирање во книгата за гости се до нивното заминување. Агенцијата поведе вонредни супервизија по поднесени барања од физичко лица согласно членот 97 од Законот за заштита на личните податоци. Во барањето физичкото лице навело дека друштво за угостителство, туризам и трговија (контролор) му ја задржало личната карта и единствен услов за да му ја врати било да ја плати вкупната сума за престојот.

На истиот Контролор друштво за угостителство, туризам и трговија му е изречена глоба во износ од 190.055 денари за сторен прекршок и глоба во износ од  18.447,5 денари за одговорното лице кај Контролорот за сторен прекршок согласно членот 110 став (1) точка 20 и членот 110 став (2), а во врска со членот 110 став (1) точка 20 од Законот за заштита на личните податоци. Контролорот не овозможи непречено вршење на вонредна супервизија во системот за видео надзор според одредбите од членот 106 од Законот за заштита на личните податоци.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK