Молдавија ќе го намали бројот на руски дипломати

moldavija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на молдавската дипломатија и вицепремиер Нику Попеску денеска најави дека ќе биде ограничен бројот на руски дипломати акредитирани во Кишињев.

Молдавија вчера повика руски дипломати поради медиумските извештаи дека Амбасадата на Русија во Кишињев поставила голема количина сателитска опрема на нејзиниот покрив, што може да се користи за шпионажа.


Односите помеѓу Кишињев и Москва се тензични откако Русија ја нападна Украина. Во отцепениот молдавски регион Придњестровје, што директно граничи со Украина, стационирани се руски војници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK