Еден загинат во пожар на товарен брод близу брегот на Холандија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во пожар што избувна рано утринава на товарен брод во близина на брегот на Холандија, соопшти крајбрежната стража. Евакуирани се 23 членови на екипажот.

„Екипажот сам се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. Едно лице загина, а неколку се повредени“, се вели во соопштението.



Бродот „Fremantle Highway“ се уште гори на околу 50 километри северно од холандскиот остров Амеланд.

Бродот превезувал автомобили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK