Зеленски: Нема да се толерира корупција и предавство

zelenski_456554
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  изјави дека нема да толерира корупција или предавство додека неговата земја се бори да најде средства да се одбрани од руските напади.

Зеленски упати антикорупциски апел во своето ноќно видео обраќање, по апсењето на воен офицер за регрутирање обвинет за масовна проневера и пратеник обвинет за соработка со Русија.


Минатиот месец, Зеленски ги објави плановите за ревизија на воените оддели во обид да ја елиминира корупцијата.

Обичните Украинци кои ги поддржуваат воените напори се бесни од корупцијата. Дозволете ми да ги предупредам сите пратеници, функционери и сите кои работат како државни службеници, истакна Зеленски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK