Судија блокираше одлука на Бајден за рестрикции за азил чија цел е обесхрабрување на притокот на имигранти во САД

imigranti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Федерален судија од Калифорнија денеска пресуди против неодамнешна одлука на претседателот Џо Бајден за рестрикции за доделување азил на јужната граница меѓу САД и Мексико.

Одлуката е дел од напорите на администрацијата да се обесхрабри имиграцијата од Јужна Америка, што во изминатиот период е рекордно зголемена со илјадници мигранти дневно кои пристигаат на границата со надеж да влезат во САД.


Во пресудата се вели дека политиката што делумно е одговорна за остро намалување на преминувањата на мигрантите ги нарушува правните обврски на земјата кон оние кои бегаат од насилство.

Според судијата Џон Тајгер од Оукленд одлуката на Бајден го нарушува законот за азил на САД според кој мигрантите што се нашле на американска почва можат да бараат хуманитарна помош, а како начин за пресекување на владините обиди за нивна депортација, без разлика како влегле во земјата.

Тајгер блокираше сличен порестриктивен обид на администрацијата на  експретседателот ДоналдТрамп за забрана на пријави за азил на јужната граница.

Судијата сепак изрече одложена одлука во траење од две недели со можност Министерството за правда да побара апелација од повисока инстанца. Се претпоставува дека случајот најверојатно ќе се решава од страна на Врховниот суд на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK