Битиќи: Финансиската помош на Владата ги развива домашните компании, тие враќаат со нови работни места

bitikji
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Само во Скопскиот регион Владата финансиски поддржа 181 компанија кои досега имаат добиено околу 1,2 милијарда денари за инвестициски циклуси, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на семејната компанија „Бурдем Пластик“.

При обиколката на производствените погони, Битиќи видел, како што изјави, интензивно инвестирање во осовременување и модернизирање на машинскиот парк.


-Се радувам кога гледам дека финансиската помош на Владата за оваа компанија придонесе за збогатување на производната линија со многу нови артикли и со најнови модели од пластичните производи. Преку договорот за финансиска поддршка за периодот 2018-2022 година, за мерките Поддршка за пораст на капитални инвестиции и за зголемување на конкурентност на пазарот, на „Бурдем Пластик“ за инвестиција од над 15 милиони денари и беа исплатени над 2 милиони и 400 илјади денари финансиска помош, која компанијата ги искористи за набавка на нови машини и калапи, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека ова е и целта на Планот за економски раст поставен во 2017 година – да ги развива домашните компании, да ги прави конкурентни на домашниот и странските пазари, а тие ќе возвратат со отворање нови работни места.

„Бурдем Пластик“ е формирана во 2002 година, а се занимава со производство на пластични производи за домаќинство.

Сеад Сулејмани, менаџер на компанијата, изрази задоволство од досегашната соработка со Владата која, како што истакна, го препознала квалитетот.

-Задоволни сме од досегашната соработка со Владата и ги цениме нивните напори за поддршка на семејните бизниси како нашиот, и ги охрабруваме да продолжат уште повеќе во оваа насока, изјави Сулејмани.

Денешната посета на Битиќи е во рамки на посетите на компаниите од Скопскиот регион кои се наоѓаат во портфолиото на Законот за финансиска помош на инвестиции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK