Пендаровски: ИЗИИС прерасна во респектабилна институција која овозможува обука на професионалци

pendarovski iziis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во децениите кои се зад нас, ИЗИИС прерасна во респектибилна институција која овозможува обука на професионалци, градежни инженери, архитекти и планери на највисоко ниво, со цел унапредување на планирањето и проектирањето со примена на најсовремени техники, методи и процедури, истакна претседателот на државата, Стево Пендаровски, на завршниот настан што се одржа денеска од страна на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија за одбележувањето на 60 годишнината по катастрофалниот земјотрес во Скопје.







Претседателот Пендаровски додаде дека брендот на ИЗИИС е потврден и препознаен во стручната јавност, не само во земјава или поширокиот регион, туку и во глобални рамки.

Во однос на одбележувањето на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, тој рече дека ова е можност да се присетиме, пред се на сите наши сограѓани кои трагично ги изгубија своите животи.

– Освен темните мемории оваа годишнина е можност да се потсетиме и на фактот дека Скопје по земјотресот стана глобално познат како град на солидарноста, место каде што човештвото, наспроти идеолошките разлики, се обедини со цел да помогне нашиот главен град да се врати во живот, истакна Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK