Белата куќа соопшти дека не поддржува украински напади на територијата на Русија.
Генерално ние не поддржуваме напади во Русија, истакна синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека две украински беспилотни летала биле електронски попречени и соборени кои имале цел напади врз објекти во Москва.
Кремљ соопшти дека ќе одговори на нападот, што го нарече „дрзок акт на тероризам“.