Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе испрати дополнителна воена помош за Украина во вредност од околу 400 милиони долари. Помошта вклучува разновидна муниција за напредни системи за ПВО и повеќе беспилотни летала „Хорнет“, изјавија американски официјални лица за американски медиуми под услов да не бидат именувани. Се очекува одлуката официјално да биде соопштена денеска или утре.
Меѓу другото, пакетот вклучува муниција за ракетните системи HIMARS и софистицираните системи за ПВО НАСАМС, како и преносливите ракетни системи Стингер и противтенковските системи Џавелин.
Оружјето ќе биде обезбедено преку претседателско овластување, што ќе му овозможи на Пентагон брзо да испорачува предмети од сопствените резерви во Украина, често во рок од неколку дена.