Литванија ја повика ЕУ да ги користи балтичките пристаништа за извоз од Украина

letonija litvanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Литванија ја повика Европска Унија да ги користи балтичките пристаништа за извоз на украинско жито по суспензијата на Договорот за жито.

– Балтичките пристаништа би можеле да послужат како сигурна алтернатива за транзит на украински производи, вклучително и жито, се наведува во писмото на тројца литвански министри упатено до европските комесари.


Во писмото се истакнува дека балтичките пристаништа би можеле да помогнат во транспортот на 25 милиони тони жито годишно.

Литванија, наводно, побарала од ЕУ да ја намали бирократијата на границата на Украина со Полска.

Русија на 18 јули ги извести Украина, Турција и ОН дека го раскинува Договорот за жито поради непочитување на условите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK