Кина: 11 лица загинаа при уривање покрив на училишна фискултурна сала

kina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единаесет лица загинаа при уривање на покрив на фускултурна сала во основно училиште на крајниот североисток на Кина, соопштија денеска кинеските власти.

Инцидентот се случил  во градот Чиќихар, провинцијата Хеилонгџијанг, а од урнатините утрово е извлечена последната жртва.


Синхуа јави дека според првите елементи на истрагата, се гледа дека при изградбата на покривот на салата бил користен перлит,   и дека за време на вчерашните обилни дождови од овој материјал се акумулирала вода и предизвикал уривање на покривот.

Деветнаесет лица биле во фискултурната сала на училиштето, јави Синхуа, но не прецизираше колку од нив биле ученици.

Поплаките од незадоволните родители за, како што велат, недостатокот на комуникација со властите, кружат на социјалните медиуми и веб-страницата за вести Baidu.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK