Во кримскиот град Џанкој утрово е погоден магацин за муниција, изјави раководителот на полуостровот назначен од Русија, Сергеј Аксјонов.
Тој наведе дека руските сили за воздушна одбрана пресретнале или уништиле 11 беспилотни летала над областа.
Аксјонов извести дека во нападот била оштетена станбена зграда.
Сепак, засега не е јасно дали складиштето за муниција било директно погодено од дрон или со остатоци од дрон.
Русија има воздухопловна база во близина на градот Џанкој. Претставниците на украинските власти долго време тврдат дека градот и неговата околина се претворени во најголемата руска воена база на полуостровот Крим.